[ИНТЕРВЈУ] Шест ѕвезди, шест маратони: Инспиративната приказна за првата Македонка која ги освои најпрестижните светски маратони

Точка

20/05/2024

09:46

67.575

Големина на фонт

а а а

Маја Ѓорѓевска е инспиративна жена маратонец која ентузијастички е посветена на трчањето веќе 15 години. Има истрчано преку стотина трки и многу маратони, а во последните 18 месеци себеси си ја поставила целта да ги комплетира најпрестижните маратонски трки, најголемите 6 во светот, односно „Abbott World Marathon Majors“ и со тоа да стане првата Македонка која некогаш го направила тоа. Со финиширањето на Лондон Маратонот, таа успеа во тоа.

Патувањето на Маја ги поттикнува жените да ги надминат своите граници, покажувајќи дека со посветеност и страст, сè е остварливо на животната и професионалната патека и пошироко.


 1. Маја, воопшто не беше лесна и едноставна оваа цел која ја имавте зацртано пред вас. Кажете ни, како истрајавте, која беше светлината на крајот од тунелот која ве водеше напред?

Пред две години си поставив за цел да ги да ги завршам шесте најпрестижни маратони во светот — Берлин, Њујорк, Токио, Чикаго, Бостон и Лондон, така наречени Abbot World Marathon Majors. Ме водеше мотивацијата дека доколку успеам во тоа ќе бидам првата жена од Македонија која успеала во тоа. Кога сте маратонец ентузијаст, а покрај трчањето имате и работа со полно работно време, бара одржувањето на строг распоред за тренинг. Безброј рани утра, доцни вечери и трчањата за време на викендите не беа само за издржливост; таквиот режим бара несомнена одлучност, многу жртви и постојано да наоѓате мотивација. Кога ќе се предизвикате себеси и ќе истраете, наградата е што станувате подобра верзија од себе.


2. На целта во Лондон го добивте медалот со 6 ѕвезди. Неколку зборови за тоа?

Кога на целта во Лондон го добив медалот со шест ѕвезди, не можев да се воздржам а да не заплачам. Во тој момент целиот притисок, стравовите, менталната напнатост и физичкиот напор на трчањето на маратоните во Бостон и Лондон за само неполни шест дена еден од друг, исчезнаа. Почувствував огромно ослободување.

Од „Abbot World Marathon Majors“ бев препознаена како првата Македонка на која и го даваат медалот со шесте ѕвезди и се радував што токму јас го отворам патот за другите што во иднина ќе следуваат.

3. Речиси две години патувате низ светот, присутни сте на најголемите светски маратони. Кое чувство се буди во вас?


Осврнувајќи се на моето 18-месечно патување по светот, учествувајќи на најголемите светски маратони можам да кажам дека сум исполнета со носталгија и со длабоко чувство на олеснување.

4. Што за вас претставува овој медал?

Овој медал не е само признание; тоа е доказ за мојата неуморна посветеност, непоколебливата поддршка од моите најмили и сон кој се протегаше надвор од хоризонтите на тоа што некогаш мислев дека е можно.

5. Кој град нема никогаш да го заборавите, каде се почувствувате најисполнета, прифатена и своја?


Секој град, секоја трка остави неизбришлив белег на мене — поддршката на гледачите, агонијата на тие последни километри и чистата радост од преминувањето на секоја целна линија.

6. За крај, што заклучивте од ова искуство?

Во мојата глава, трките можеби завршија, но сеќавањата и лекциите ќе одекнуваат засекогаш. Ова патување ме трансформираше. Сега стојам поцврсто во моето верување дека ниеден сон не е премногу високо, ниедна цел премногу далечна. Ова е искуство кое ме научи дека сè е можно кога се осмелите да ги следите вашите соништа.






Спонзорирани линкови

Маркетинг