Се подготвува за кратко време, а вкусот е таков што нареден пат ќе сакате да направите дупла мера од овој рецепт.
Доколку сакате тестенини и често ги подготвувате за вашето семејство, треба да знаете дека постојат разни рецепти кои се разликуваат во некои ситни детали.
Никој не сака да јаде сува паста, ниту онаа без вкус, па ниту онаа која е премногу зачинета.
Вистинската мера е односот на тестенините и другите состојки, но и тајната состојка која ја знае познатиот готвач Џејми Оливер.
Неговите специјалитети се познати ширум светот, а пастата е едно од јадењата кое често се подготвува и во емисиите во живо.
Рецептот за паста на Џејми Оливер е следен:
Состојки:
- 200 грама шпагети;
- 150 грама сланина;
- 3 жолчки;
- 40 грама пармезан;
- бибер;
- сол;
- маслиново масло;
- 1 чешне лук.
Подготовка:
Жолчките ставете ги во сад, па додадете го пармезанот и биберот и сѐ добро соединете. Шпагетите сварете ги, според упатството кое е напишано на пакувањето.
Сланината исечкајте ја ситно, па испржете ја на малку маслиново масло. Извадете ја сланината, па во истата тава испржете го лукот.
Во истата тава ставете ги шпагетите и малку вода во која ги варевте претходно.
Тргнете ја тавата од рингла, па додадете ги јајцата со пармезанот и сѐ добро измешајте. Додадете ја сланината и уште малку вода во која шпагетите се вареле. Над тестенините додадете уште малку пармезан и уживајте.
На здравје!