Трамп ја прифати поканата на Бајден за телевизиска дебата

Макфакс

15/05/2024

20:12

1.019

Големина на фонт

а а а

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска ја прифати поканата на американскиот претседател Џозеф Бајден за телевизиска дебата, истакнувајќи дека се потребни повеќе од две дебати.

Трамп на својата социјална мрежа напиша дека е подготвен да дебатира со Бајден, истакнувајќи дека ќе биде неопходно да се одржат повеќе од двете предложени дебати, пренесува ABC News.

Бајден претходно денеска го покани Трамп да одржи две претседателски телевизиски дебати во јуни и септември, а подоцна на платформата Х напиша дека ја прифатил поканата на Си-Ен-Ен за дебата со Трамп на 27 јуни.

Малку подоцна тимот на Трамп соопшти дека и тој ја прифатил поканата на таа телевизија, пренесува CNN.