За запалениот автомобил на директорот на „Идризово“, Обвинителството обезбеди снимки од видеонадзорот од околните објекти

Макфакс

15/05/2024

15:11

780

Големина на фонт

а а а

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје и вешти лица од Одделот за форензички истраги на МВР извршија увид во Кисела Вода, каде што во текот на ноќта беше опожарен службен автомобил во сопственост на КПУ „Идризово“ – Скопје, кој го користел директорот на установата.

„Прибрани се траги од самото место, кои ќе бидат предмет на вештачење, со цел да се утврдат причините за опожарувањето. Обезбедени се снимки од видеонадзорот на околните објекти и се преземаат други дејства“, соопшти Обвинителството.

МВР извести дека ноќеска во 3.35 часот, во полициската станица во Кисела Вода било пријавено дека изгорел службениот „пасат“ на директорот на затворот „Идризово“, Зоран Јовановски.

Во пожарот нема повредени, но огнот зафатил и фасада на зградата покај која бил паркиран, а изгореле и предмети на балконите на подолните катови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг