Коста Кецмановиќ паднал во депресија! По годишнината на масакрот се надевал на едно, па се разочарал – со денови не зборува

Точка

13/05/2024

23:05

6.768

Големина на фонт

а а а

На денот на годишнината од страшната трагедија која се случи во Белград, Коста се однесувал сосема нормално, меѓутоа, после неколку дена се променил, вели изворот на „Република“.

Детето-убиец од Основното училиште Владислав Рибникар, Коста Кецмановиќ, кој на 3-ти мај минатата година со само 13 години уби девет деца и чуварот на оваа установа и натаму се наоѓа на Клиниката за неврологија и психијатрија за деца.

По годишнината од масакрот која е беше навршена на трети мај, Коста сосема се повлекол во себе и станал депресивен.


„Месеци пред масакрот детето ковало план и смислувало начин на кој ќе го изврши злосторството, меѓутоа, на една работа не сметал, а тоа е дека животот ќе ги мине заробен. Имено, тој очекувал дека нема сноси никакви последици и дека по злосторството нормално ќе се движи во улица“, објаснува изворот запознаен со случајот, па додава:

„На денот на годишнината од страшната трагедија која се случи во Белград, Коста се однесуваше сосема нормално, меѓутоа, после неколку дена се промени. Со никого не сака да разговара, фактички падна во депресија“.


Да потсетиме, страшното злосторство се случи на 3-ти мај во Основното училиште Владислав Рибникар на Врачар, кога Коста Кецмановиќ влетал вооружен во зградата во 8:40 часот. На вратата од училиштето го застрелал работникот на обезбедувањето Драган Влаховиќ, кој набрзо им подлегнал на повредите. Потоа убил тројца ученици.


Крвавиот пир на Коста продолжил во кабинетот по историја каде час имало неговото одделение. Ја ранил наставничката по историја Татјана Стевановиќ, а потоа отворил оган на пријателите. Убил пет ученици, а ранил шест.

Уште една ученичка им подлегнала на повредите по 12 дена, со што бројот на жртви се зголемил на 10.