Доколку сакате да се напиете нешто здраво, а не ви се пие вода тогаш направете саси и уживајте во голтките.
Со првите пролетни денови сѐ повеќе сакаме да пиеме напитоци кои освежуваат, го закрепнуваат телото и ни помагаат да останеме доволно хидрирани.
Токму таков пијалак е саси водата која поради своите состојки има благотворно дејство врз човековиот организам.
Доколку и вие би сакале да ја пробате оваа вода и да уживате во вкусот и мирисот тогаш еве како да ја направите.
Состојки:
- 2 литри вода на собна температура;
- 1 лимон;
- 1 краставица;
- 1 лажица рендан корен од ѓумбир;
- 12 ливчиња нане (или една лажица сушено нане).
Подготовка:
Во стаклен бокал ставете вода, па додадете ја краставицата исечена на тенки кругови. Потоа додадете го исечканиот лимон (без отстранување на кората), па ренданиот корен од ѓумбир.
На крај, додадете го нането. Оставете ја водата во текот на ноќта да отстои, а во текот на утрешниот ден може да ја консумирате.
На здравје!