Уште поубава дрогерија на старо место: Реновирање на dm во VERO центар

Точка

09/05/2024

12:44

618

Големина на фонт

а а а

Заради реновирање, дрогеријата во VERO Центар во период од 12.5 до 26.6.2024 година ќе биде затворена.

По тој повод, dm на своите купувачи им нуди –15% ПОПУСТ НА АПСОЛУТНО СЀ! Овие попусти ќе траат од 9-ти до 11-ти мај.

Дополнително, до 11.5.2024 со секоја сметка во оваа дрогерија ќе добиете ваучер со -15% попуст за вашето следно пазарување во дрогеријата во ГТЦ – Скопје.


„По речиси 11 години, со радост се присетуваме на отворањето на дрогеријата во Vero Центар кое помина во многу весела атмосфера, со дружба и убави попусти. Навистина сме среќни што цели единаесет години се дружиме со нашите купувачи на оваа локација, а уште посреќни сме што ќе им овозможиме од наредниот месец да пазаруваат во уште поубава дрогерија која е синоним за место на кое може да пронајдете сè што ви треба – производи за нега и убавина, органска храна и додатоци во исхрана, нега на бебиња, домаќинство.“ – изјавуваат од команијата.

Сега, на вашето омилено место за пазарување му дојде време за разубавување! Затоа, списоците во рака и упатете се во dm во VERO Центар на шопинг. Следното пазарување во оваа дрогерија ќе можете да го направите на 27 јуни!




Спонзорирани линкови

Маркетинг