Дијана Бадаровска, Бренд Менаџер во Пирин Експорт: Нудиме функционални и модерни решенија на сауни и хидромасажни кади

Точка

30/04/2024

11:55

88.992

Големина на фонт

а а а

„Како фирма гледаме секогаш да ги пратиме најновите светски трендови и да носиме што е можно повеќе новитети на нашиот пазарот. Бараме едноставни, модерни решенија кои се квалитетни и фунционални“, вели Дијана Бадаровска, Бренд Менаџер во Пирин Експорт. Во продолжение прочитајте го целото интервју:

Што ве исполнува во оваа работa?

Работејки како бренд менаџер во Пирин Експорт, покрај одлично завршените проекти и задоволните клиенти, најмногу ме исполнува динамиката и отворените можности за пробивање на нови пазари. Истражувањата на пазарот, пред се во соседните земји Косово, Албанија и Грција, покажаа дека сме доста конкурентни на овие пазари, како ценовно така и во однос на квалитет.


Исто така, одговорноста која доаѓа од лидерската позиција на пазарот, за мене е голем предизвик, а и мотив за работа, бидејќи задржувањето на лидерската позиција бара константен труд и вложување.

Со какви предизвици се соочувате како бренд менаџер на Пирин Експорт?

Со оглед на тоа што во Македонија сме мал пазар, а има неколку конкурентни фирми, најголем предизвик е клиентите да разберат што не прави поразлични од другите и зошто со години сме лидери на пазарот.


Во поново време се соочуваме со проблем каде што конкурентна фирма носи слично име на нашето и имаме доста недоразбирања во однос на препознатливост кој стои зад брендот Пирин Експорт и што овој бренд нуди и гарантира, за разлика од другата фирма. Имено, брендот и фирмата се во сопственост и управувани од страна на Васил Филипов.

Во што е поразличен Пирин Експорт од другите фирми во оваа дејност?

Ние сме млад, амбициозен и енергичен тим.

Како фирма гледаме секогаш да ги пратиме најновите светски трендови и да носиме што е можно повеќе новитети на нашиот пазарот. Бараме едноставни, модерни решенија кои се квалитетни и фунционални.


Секако квалитетот ни е на прво место, а нешто што клиентите многу го почитуваат во нашата работа е достапноста и грижата и по завршениот проект.

Кои нови производи ги имате донесено и што може да очекуваме во иднина?

Нешто што е најново и доста актуелно периодов, се нашите премиум хидромасажни кади, кои од аспект на квалитет, енергетска ефикасност и иновативност, за неколку скалила се разликуваат од оние кои досега беа/се нудени на нашиот пазар и пошироко. Притоа, ова се единствени кади на пазарот сo два до три моќни мотори, како и можност за до 8 позиции на седење/лежење.


Исто така почнавме да увезуваме готови надворешни сауни наменети за дворови кои имаат уникатен дизајн и симпатично се вклопуваат во планински викендици и хотели.

Новитет ни се и полуавтоматизирани роботи наменети за чистење на поголеми базени управувани со wifi, кои и те како ја олеснуваат грижата за хигиената во базенот.

Во план ни се уште неколку производи од СПА водената програма, но за сега ќе оставиме да бидат изненадување.