Гомез: Го одбив Атлетико поради страв од Симеоне, а Реал поради Перез!

Дерби

25/04/2024

11:22

1.247

Големина на фонт

а а а

Марио Гомез беше еден од најдобрите светски напаѓачи во првата деценија од новиот век и добрите настсапи за Штутгарт го однесоа до Баерн Минхен, тим со кој успеа да ги освои сите најважни трофеи во кариерата, вклучувајќи ја и титулата во Лигата на шампионите.

Гомез беше многу важен и за германската репрезентација и собра речиси 80 настапи за националниот тим, но втората етапа од неговото фудбалско патување беше далеку поскромно, бидејќи по заминувањето од Баерн, Марио едноставно веќе не беше истиот играч.

Излетите во Фиорентина и Бешикташ не беа на нивото на кое навикнавме да го гледаме во Баерн, а Марио сега открива дека во тоа време одбил и далеку попримамливи понуди, и тоа од двата мадридски великани.

– Атлетико Мадрид ми ја обезбеди најдобрата финансиска понуда за заминување од Баерн Минхен, но јас имав страв да соработувам со Диего Симеоне. Затоа не отидов во Атлетико, едноставно знаев дека мојот стил на игра не одговара со неговата филозофија, – вели Гомез во подкастот „Фразенмахер“.

– Претходно, Реал Мадрид ме сакаше како конкуренција за Карим Бензема, кој во тоа време не минуваше низ најдобар период. Сепак, Флорентино Перез е силен шеф како Ули Хенес и Карл Хајнц Румениге и не бев расположен за ново такво искуство, – открива Марио.



Спонзорирани линкови

Маркетинг