Џанлука Скамака имаше ужасна авантура во Премиер лигата и се врати во СЕрија А после само една сезона, а фактот што ја избра Аталанта се покажа како најдобар чекор за него.
Разиграниот Скамака чека повик од Лучијано Спалети за Европското првенство и со последните изданија навистина го заслужува тоа, за што доказ е и ремек-делото кое го изведе во Копа Италија.
Скамака изведе акробација и ја најави победата на Аталанта над Фиорентина, па обземен од емоции по крајот на мечот, италијанскиот голгетер нагласи дека не стравува и од Јувентус.
– Навистина сум среќен што му помогнав на тимот со мојот гол. Моите соиграчи ме ставаат во најдобри ситуации за гол и затоа имам шанса да давам погодоци. Фантастично е да се игра за Аталанта и не планираме да застанеме тука.
– Во финалето ќе играме против Јувентус, но нема фаворити во финале. Се се одлучува во еден меч и ќе дадеме се за да победиме и да го освоиме трофејот. Мора да уживаме во моментот, бидејќи можеме да се бориме за трофеј и во Лига Европа во месец мај, – изјави Скамака.