Чаби Алонсо го презема Баерн Леверкузен пред 18 месеци и тогаш тимот беше блиску до опасната зона во Бундеслигата, но една ипол година подоцна, „фармацевтите“ испишаа историја под негово водство.
Шпанскиот стручњак испиша нови страници во историските читанки на Леверкузен и Баер за првпат стана германски шампион, откако неговиот тим без пораз издоминира и ја прекина страшанта доминација на Баерн Минхен.
По освоената титула во домашното првенство, Баер е жив и во Лигата на Европа и националниот Куп, па јасно е дека целта на Чаби и неговите играчи до крајот е да ја комплетираат триплетата.
🚨🎙️| Xabi Alonso:
— CentreGoals. (@centregoals) April 23, 2024
"No, no! No long ball!"
pic.twitter.com/FdGjE4tlgu
Чаби ја патентираше својата шпанска фудбалска култура како фудбалски стручњак и успеа да ја спроведе на дело на најдобар можен начин, а едно видео од последните тренинзи најдобри и откри на јавноста за каков перфекционист станува збор.
Не само што победува, неговиот Баер игра напаѓачки и допадлив фудбал, па за Чаби многу важно е тимот да негува технички фудбал, во кој нема простор за нерационални и непотребни долги топки.
Доказ за тоа е видеото од тренингот, на кое се гледа како Чаби го прекинува истиот поради долга топка, по што бара од своите соиграчи мирно и со точни пасови да ја развиваат играта.