„Ако се повредат Ѓоковиќ, Синер, Алкараз тогаш Надал може да го освои Ролан Гарос“

Макфакс

24/04/2024

10:42

205

Големина на фонт

а а а

Поранешниот тренер и стрико на Рафаел Надал, Тони зборуваше за „АС“ пред стартот на Мастерсот во Мадрид. Неговиот внук, Рафа, во Мадрид ќе го одигра вториотпоследовен турнир, откако по долгата пауза настапи на турнирот од серијата 500 во Барселона, каде во второто коло беше поразен од Алекс Де Минор.

Јасна е целта на Надал, овие турнири ги користи како подготовка за Ролан Гарос, турнир кој 14 пати го освоил вотекот на кариерата.

„Секако, Рафа може да го освои Ролан Гарос, но прво треба да се погрижиме Алкараз, Ѓоковиќ, Синер и останатите да се повредат“, се пошегува Тони во интервју за шпански „Ас“ и додаде:

„Сите знаеме дека нема играно скоро една година. Кога се појави на теренот во Барселона, поминаа околу 700 дена без да негов настап на земјена подлога“.

Сепак, Рафа нема да се откаже.

„Има уште еден месец до почетокот на Гарос. Доколку успее да го доведе телото да го подготви физички, ќе му требаат само неколку натпревари, но под услов ждрепката за првите неколку кола во Париз да не биде тешка. На Отвореното првенство на Австралија пред две години, помислив дека не може да победи никого. Во првите две кола лошо се движеше, но некако успеа да дојде до четвртфиналето и се се смени, успеа да ја освои титулата“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг