Доколку трагате по диетален оброк, тогаш оваа пита од тиквички е вистинското решение за вас.
- 2 тиквички;
- 4 јајца;
- 200 милилитри јогурт;
- 30 милилитри масло;
- сол, бибер, оригано, куркума или кари;
- 4 лажици палента;
- 4 лажици пченкарно брашно;
- 1 прашок за печиво;
- 2 лажици семе: сусам, ленено, тиква, чиа, ким;
- 200 грама сирење;
- 50 грама сирење кое се топи.
Тиквичките исечкајте ги, па додадете ги во изматените јајца и јогуртот и сирењето. Додадете го брашното и семките, зачините и солта. Сѐ измешајте, па излијте го во тепсија и печете во загреана рерна на 180 степени Целзиусови околу 40 минути.
На здравје!