[ФОТО] Најтажната фотографија од Брус Вилис досега: Славниот актер одвај оди поради болеста, но причината поради која сега станал е навистина емотивна

Точка

23/04/2024

19:00

7.279

Големина на фонт

а а а

Актерот Брус Вилис има деменција и афазија (нарушување на говорот), а неговата состојба од ден на ден се влошува.

Тој има проблем со движењето, но се чини дека има голема волја за живот. Иако му е тешко, Брус станал откако му кажале дека неговата внука го прославува првиот роденден.

Тој бил многу среќен што ќе го помине времето со своето семејство. Ја држел внуката во раце, а слатката фотографија ја објавила ќерката на Брус, Румер Вилис.


„Оваа последна година со тебе беше најдобрата година во мојот живот. Лу, никогаш не знаев што е љубов додека не те запознав. Ти си најслатка, најубава, најпаметна, најсмешна женска која ја знам. Не можам да верувам дека мене ме избра за твоја мајка“, напишала Румер.

Во коментарите под фотографијата можеле да се прочитаат најубавите роденденски желби за малечката, но и емотивни зборови упатени до славниот актер.

„Ми се допаѓа фотографијата од ќерка ти и татко ти. Колку слатко“, „Фотографијата со Брус е толку неверојатна“, „Ова е најслаткото нешто кое сум го видела“, „Среќен прв роденден“, пишувале луѓето.




Спонзорирани линкови

Маркетинг