Ѓоковиќ импресиониран од еден играч на Реал: Не сум фудбалски стручњак, но тој има црти на шампион!

Дерби

23/04/2024

12:57

1.203

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ вчера ја доби наградата за најдобар спортист за 2023-та година и беше главна ѕвезда на „Лауреус“ церемонијата во Мадрид, град во кој Србинот имаше можност да го гледа и големото „Ел Класико“ дерби кое се одигра во неделата.

Светскиот рекет број еден во живо ги проследи спектакуларните случувања на „Сантијаго Бернабеу“ и доби специјален подарок од Флорентино Перез, но откако бил избран за најдобар спортист во престолнината, дал и интересна изјава за јунакот на мечот.

Иако Лукас Васкез ја направи главната разлика со својот придонес, на крајот победничкиот гол беше дело на Џуд Белингам, а 20-годишниот фудбалер беше една од ѕвездите и на вчерашаната гала вечер од која беше дел и Ноле.

Белингам беше избран за најголемо спортско откровение за минатата година, па Ноле издвоил и неколку збора за новата голема суперѕвезда која според него не изгледа како да има само 20 години.

– Го запознав Џуд Белингам и му честитав за голот и за неверојатните достигнувања во оваа рана фаза од кариерата. Не сум фудбалски стручњак, но кога ќе ги видам гестовите кои ги користи, гледам каков менталитет има и колку е сериозен, посветен и трпелив. Има само 20 години, но веќе има црти на шампион. Делува скромно и како навистина добра личност, – изјави Ѓоковиќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг