Давор Шукер, најдобриот стрелец од Светското во 1998, има нов бизнис: "Игра рулет, но не е коцкар"

Точка

23/04/2024

11:45

1.778

Големина на фонт

а а а

Давор Шукер е ко-сопственик на ресторанот „Top“ на „Tropicana Avenue“ во Лас Вегас отворен минатата година. Деловниот партнер Сејо Кашиќ вели: „Служиме хрватска сол, маслинки, пршута, вино, тартуфи …“.

Легендарниот напаѓач на хрватската фудбалска репрезентација и поранешен претседател на ХНС Давор Шукер, во јули минатата година отворил ресторан во Лас Вегас, пишува „Vecernji List“. Шукер е ко-сопственик на објектот „Top“ кој се наоѓа на „Tropicana Avenue“, а деловен партнер му е Сејо Кашиќ. Неодамна го посетиле претседателот на ХНС Маријан Кустиќ, селекторот на Хрватска Златко Далиќ и првиот човек на Ријека Дамир Мишковиќ додека биле на Супер Боул.

„За ресторанскиот бизнис не знае ништо и нема да се меша бидејќи има максимална доверба во мене. Се познаваме повеќе од 20 години, се запознавме во Загреб, во канцеларијата на мојот сограѓанин Орсат Зовк. После тоа доаѓаше во Вегас каде знаеше да седи по еден, два месеци, па продолживме да се дружиме. Тој ми е како брат. Кога слушнавме дека Бугарите го продаваат ресторанот, се одговоривме да го купиме и да отвориме нешто наше“, вели Кашиќ за „Vecernji“.


Го замислиле како спортски бар, има 12 телевизори и е единствен хрватски ресторан во Вегас, еден од ретките на западниот брег.

„Служиме автохтона хрватска сол, маслинки, маслиново масло, пршута, вино и оригинални хрватски јадења“, вели Кашиќ.


Пред да го отвори ресторанот, Кашиќ 23 години работел во хотелот Белаџио, еден од најатрактивните во Вегас, каде се запознал со бројни познати ликови. А каков е Шукер во игрите на среќа?

„Јас сум подобар во покер, играм и на турнири. Тој не игра покер, игра рулет. Мислат дека е коцкар, но не е. Го сака Вегас, но поради рестораните и претставите кои се одржуваат во хотелите“, вели Кашиќ за хрватската легенда.




Спонзорирани линкови

Маркетинг