Фердинанд шокиран од потегот на Антони: Очигледно не знае каде се наоѓа!

Дерби

23/04/2024

11:27

1.001

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед со доза на голема среќа се пласираше во финалето на ФА Купот, откако мораше да преживува драма и да испушти предност од 3:0 пред да го победи Ковентри во пенал рулетот.

Англискиот великан имаше повеќе нерви во ударите од 11 метри и славеше со 4:2, но по мечот на „Вембли“, многумина зборуваа за катастрофалната реакција на Антони кој им фаќаше сеир на фудбалерите на Ковентри веднаш по завршниот гол на Хојлунд.

Бразилецот наиде на жестоки критики во јавноста, а во низата се приклучи и Рио Фердинанд кој се огласи преку својот јутјуб канал, а видеото го сподели и на Твитер.

– Антони вчера… Засрамувачки! Ќе можам да разберам да се фаќаш за уво ако играш против голем ривал и ако си бил дел од сите жестоки моменти на мечот, но ова не можам… Очигледно не го разбира опкружувањето, не знае каде се наоѓа, играше против Ковентри.

– Чувствувам дека имаме играчи кои не сфаќаат каде се наоѓаат, потребно ви е добро менаџирање на одредени ситуации. Се надевам дека еден од староседелците како Рашфорд и Бруно му кажале дека тоа не смее да се прави во Јунајтед. Имавме среќа што поминавме понатаму, беше засрамувачки тоа што се случи, – вели Фердинанд.



Спонзорирани линкови

Маркетинг