[ВИДЕО] Се судрија два воени хеликоптери во Малезија: Загинаа сите членови на екипажот

Макфакс

23/04/2024

09:21

756

Големина на фонт

а а а

Два малезиски воени хеликоптери се судрија и се урнаа за време на тренинг вежба, при што загинаа сите 10 членови на екипажот, соопшти морнарицата.

Несреќата се случила во поморска база во северната држава Перак за време на проба за прослава на 90-годишнината од формирањето на морнарицата во мај, се вели во краткото соопштение на морнарицата.

Сите жртви починале на лице место, а посмртните останки се испратени на идентификација, пренесува АП.

Седум членови на екипажот се наоѓале во поморскиот оперативен хеликоптер AV139, соопшти морнарицата. Тој авион е произведен од „AgustaVestland“, подружница на италијанскиот одбранбен изведувач Леонардо.

Тројца други членови на екипажот се наоѓале во лесниот хеликоптер „Фенек“, произведен од европскиот мултинационален одбранбен конгломерат „Ербас“.

Локалните медиуми објавија дека AV139 удрил во спортски комплекс во поморската база, додека „Fennec“ удрил во блискиот базен.

Морнарицата соопшти дека ќе започне истрага за да се утврди што ја предизвикало несреќата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг