Рој Кин: Не можам да го гледам овој Манчестер јунајтед

Макфакс

22/04/2024

14:53

1.378

Големина на фонт

а а а

Рој Кин, поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, по којзнае кој пат го критикуваше својот поранешен клуб. Анализирајќи го полуфиналето на ФА Купот со Ковентри во кое Јунајтед среќно мина во финалето и покрај тоа што имаше водство 3:0, Кин рече дека настапот на тимот на Ерик тен Хег е срамен.

Ковентри (осми на табелата во Чемпионшип), од 70 до 95 минута ја надомести негативата од три гола, а во 120.минута сонот за место во финалето им го урна ВАР. Глоот на Торп беше поништен поради милиметарски офсајд.

Пенал серијата Јунајтед ја доби со 4:3.

„Некои играчи и навивачи на Јунајтед на крајот не славеа. Им беше срам што победија на крајот. Секогаш кога го гледам овој тим на Јунајтед, не ми се допаѓа тоа што го гледам. Тие зборуваат за лидерство и карактер, а јас не го гледам тоа во тимот на Јунајтед. Боже, колку среќа имаа“, рече Кин.

Неверојатно е колку лошо екипата од „Олд Трафорд“ игра оваа сезона.

Противниците лесно им создаваат шанси, нема идеја во играта, па многумина веруваат дека Ерик тен Хаг ќе биде сменет на крајот од сезоната.

„Секоја недела приказната е иста кога се работи за Манчестер Јунајтед. Никогаш не знаеш што ќе добиеш од нив. Се вели дека некогаш е потребно да имате среќа. Мегваер рече дека покажале добар карактер. Не гледам никаков карактер во ова група играчи. Го гледам голманот, како „краде“ од времето. Човеку продолжи со играта, покажи малку храброст. Не можам да ги поднесам. Гледам на теренот група играчи со лоши навики, се уплашија да победат. Во продолженијата Ковентри изгледаше како тим од Премиер лигата, а Јунајтед како тим од Чемпионшип“, заклучи Кин.

Од друга страна, поранешниот дефанзивец на Ливерпул Џејми Карагер е убеден дека ова е крајот на мисијата за Ерик тен Хаг.

„Сите се сеќаваме како Марк Робинс му ја спаси работата на Алекс Фергусон, мислам дека поради овој натпревар Тен Хаг ќе остане без работа. Не гледам како може да остане после ова“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг