Лавров: „Светот е на раб на судир меѓу нуклеарни сили, кој е преполн со катастрофални последици“

Точка

22/04/2024

20:59

6.639

Големина на фонт

а а а

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Левров денеска изјавил дека поддршката на Соединетите Американски Држави, Велика Британија и Франција за Украина поттикнува сериозни стратешки ризици кои го зголемуваат ризикот од директен судир меѓу најголемите светски нуклеарни сили.

Лавров рекол дека САД и НАТО се опседнати со идејата за нанесување за стратешки пораз на Русија и дека постојат ризици во таквиот судир кои би можеле да донесат за зголемување на нивото на нуклеарна опасност.

„Западните земји се на работ на директен воен судир меѓу нуклеарни сили, кој е преполн со катастрофални последици“, рекол Лавров, пренесува „Reuters“.


Соединетите Американски Држави и нивните сојузници велат дека и помагаат на Украина да се одбрани од руската агресија и дека Русија е таа која ги зголемува тензиите меѓу Истокот и Западот, вклучувајќи издавање на нови предупредувања за опасност од нуклеарен судир.

„Посебно загрижува фактот дека токму тројката западни нуклеарни држави е меѓу клучните спонзори на злосторничкиот киевски режим, главни иницијатори на разни провокативни акции. Во тоа гледаме сериозни стратешки ризици кои водат до зголемување на нивото на нуклеарна опасност“, рекол Лавров.

Трите западни земји со нуклеарно оружје се САД, Велика Британија и Франција.