Чаеви кои треба да ги избегнувате – ќе направат повеќе штета во вашиот организам: Го забавуваат метаболизмот, ве дујат...

Точка

22/04/2024

15:02

7.598

Големина на фонт

а а а

Доколку се двоумите кој чај да го изберете поради тоа што изборот на лековитите растенија на нашето поднебје е голем, препорака е да пробате повеќе чаеви и сами да го почувствувате дејството кое најмногу ви одговара.

Сепак, треба да бидете внимателни затоа што некои чаеви не се препорачуваат, на пример доколку пиете лекови или имате некои здравствени тегоби, а некои во секој случај треба да ги избегнувате.


Лековите за смирување, доколку ви се неопходни, најдобро е да ги замените со чаеви. Тука се препорачува чајот од камилица.

Камилицата има неколку добри ефекти, на пример, доколку немате температура или некоја инфекција, таа е одличен седатив којшто треба да го консумирате навечер. Навечер испијте чај од камилица и ќе бидете мирни.

Доколку имате некој вид на воспаление, кашлате, кивате, тогаш антифламаторните дејства најдобро ќе влијаат меѓу оброците.

За смирување, докторите исто така препорачуваат чај од лаванда. Тоа е идеален чај којшто треба да го консумирате навечер, а исто така и чајот од липа.

Доколку храната ве дуе, тогаш консумирајте чај од нане којшто смирува и го подобрува седативниот, хипнотички ефект на храната.


Голем проблем создаваат овошните чаеви кои многумина ги консумираат затоа што ги потсетуваат на сок, но тие носат повеќе штета отколку корист врз организмот.

Овошните чаеви дујат и нивниот ефект врз организмот не е пријатен. Во поголем дел од случаите тие ја зголемуваат киселината и создаваат непријатно чувство во стомакот и устата затоа доколку не можете да се откажете од нив, тогаш консумирајте ги умерено.