Малолетник удрен од „форд“, со тешки повреди пренесен во Градската општа болница

Макфакс

22/04/2024

12:11

401

Големина на фонт

а а а

Вчера попладне, во 15.55 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на улицата Методија Митевски во Скопје, патничко возило „форд“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 41-годишниот Б. М. од Скопје, удрило во пешак малолетник од Скопје, извести МВР.

Во несреќата тешки телесни повреди добил малолетникот, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, соопшти МВР.

Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.



Спонзорирани линкови

Маркетинг