[ВИДЕО] Фасцинантна рамнодушност на Анчелоти по голот за победа во Ел Класико

Точка

22/04/2024

11:23

1.382

Големина на фонт

а а а

Фудбалерите на Реал Мадрид во одличен натпревар со 3-2 ја победија Барселона.

Победоносниот гол го постигна Џуд Белингам. Посебно беше интересно да се види рамнодушноста на Карло Анчелоти откако англискиот репрезентативец го постигна голот. Додека сите слават, Италијанецот е сосема мирен.

Останатите членови на Реал и резервите трчале на теренот од воодушевување, а трофејниот тренер се завртел кон клупата и се однесувал како ништо да не се случило, односно како да го очекувал победничкиот гол.

Со оваа победа Реал има дури 11 бодови предност над Барселона и веќе сега може да почне со ладење на шампањот за новата титула во Шпанија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг