Ахмети му се закани на Мицкоски: „Не си ја барај бељата“…

Нетпрес

22/04/2024

01:20

8.541

Големина на фонт

а а а

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети вечерва од митингот на плоштадот „Македонија“, му се закани на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски велејќи дека треба да „внимава што бидејќи уште е млад“.

„Јас патував малку подолго и одвај чекав да дојдам тука кај вас за да му кажам неколку зборови на Христијан Мицкоски. Христијан Мицкоски е пораснат со гурабии, Христијан Мицкоски е пораснат со кекси (бисквити).

Јас сум пораснат во кула од камен што трипати е изгорена од поробувачите. Христијан, народот мој вели дека камен по камен се гради тврдината, збор по збор започнува бељата, не започнувај беља (проблем).

Не започнувај беља и бирај ги зборовите, уште си млад и устата млеко ти вади“, порача Ахмети.



Спонзорирани линкови

Маркетинг