[ВИДЕО/ФОТО] Детали за тешката сообраќајката кај Штип: Жртвите се на 64 и на 40 години

Нетпрес

20/04/2024

19:12

8.233

Големина на фонт

а а а

Две лица ги загубија животите во тешката сообраќајна несреќа, која се случи во саботата во 14,25 часот на експресниот пат Штип-Кочани во близина на индустрискиот дел на Штип, потврди портпаролката на СВР Штип, Гордана Панајотова во писменото соопштение до медиумите.

Жртвите се на возраст од 40 и 64 години, од Кочани и од Скопје.

„На 20.04.2024 на експресниот пат Штип – Кочани во близина на индустрискиот дел Штип, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило ‘пежо’ со кочански регистарски ознаки управувано од 40-годишниот А.Н. од Кочани и патничко моторно возило ‘шкода’ со скопски регистарски ознаки управувано од 66-годишниот Б.Д. од Скопје. Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот на ‘пежото’ и сопатничката 64-годишната Л.Д. во ‘шкодата’“, се вели во соопштението од СВР Штип.


Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош Штип. Повреден е и 66 годишниот возач од Скопје, брачен другар на сопатничката во возилото шкода со скопски регистерски таблички. Префрлен е во штипскиот Клинички центар.




Спонзорирани линкови

Маркетинг