Фудбалер на Вест Хем за ремито со Баер: Тешко е да играш и против судиите

Дерби

19/04/2024

12:52

1.308

Големина на фонт

а а а

Вест Хем вчера не успеа да ја неутрализира предноста на Баер Леверкузен од првиот натпревар и остана без пласман во полуфиналето на Лига Европа.

Домаќините поведоа со голот на Мајкл Антонио, но не успеаја да стигнат до подобар резултат од реми, што значеше елиминација за лондонскиот клуб.

Антонио по натпреварот истакнал дека новиот германски шампион имал помош од судиите, поради што му се заканува и казна од УЕФА.

– Чувството беше дека не играме против 11, туку против 13 или 14 противници, вклучувајќи ги и линиските судии.

– Не можев да прифатам многу одлуки во текот на натпреварот, тоа фрустрира и го наметнува заклучокот дека заслуживме нешто повеќе. Правевме се што можевме, се боревме на теренот, но одлуките постојано одеа во друга насока, – рекол Антонио.

Главен судија на натпреварот бил Шпанецот Хозе Марија Санчез.



Спонзорирани линкови

Маркетинг