Мерсон за неуспехот на премиерлигашите во Европа: Ривалите имаат голема предност

Дерби

19/04/2024

11:31

1.502

Големина на фонт

а а а

Англиската Премиер лига остана без свој претставник во полуфиналето на Лигата на шампионите и Лига Европа, што секако се смета за неуспех за според многумина, најквалитетниот европски фудбалски шампионат.

Манчестер Сити, Арсенал, Ливерпул и Вест Хем останаа со празни раце во четвртфиналните соочувања, а Пол Мерсон се обидел да објасни што е причината за неуспехот на премиерлигашите.

– Проблемот на англиските клубови е Премиер лигата, интензитетот во ова првенство е страшен.

– Сити, Арсенал и Ливерпул се инволвирани во една од највозбудливите битки за титулата во историјата, а тоа исцрпува физички и ментално.

– Не сакам да барам алиби за елиминациите, Арсенал не одигра на потребното ниво, Сити немаше среќа. Како и да е, погледнете ја ситуацијата во другите лиги. Четвртфиналистот Атлетико има 17 бодови помалку од Реал Мадрид, кој пак има осум бода повеќе од Барселона.

– Борусија е петта со заостанување зад Баерн, кој пак има 16 поени помалку од лидерот Баер. ПСЖ е оддалечен десет бода од останатите екипи во Лига 1, а тие не ни играа натпревар викендот за да се подготват подобро за Барселона. Премиерлигашките клубови го немаат тој луксуз бидејќи се во жестока битка во најквалитетната лига во светот и тоа им се одразува на резултатите во Европа, – рекол поранешниот англиски репрезентативец.

Англија нема свој претставник во полуфиналето на ЛШ првпат по сезоната 2019/20.



Спонзорирани линкови

Маркетинг