Италија ќе има пет претставници во Лигата на шампионите

Дерби

19/04/2024

11:15

1.166

Големина на фонт

а а а

Вчерашните резултати во Лига Европа и Конференциската лига обезбедија дополнително место во Лигата на шампионите за италијанската Серија А.

Ажурирањето на УЕФА ранкингот по четвртфиналните реванш средби донесе одлична вест за италијанските клубови, обезбедувајќи им сигурно зголемување на бројот на учесници во новиот формат на Лигата на шампионите.

Фиорентина се пласираше во полуфиналето на Конференциската лига, додека Аталанта и Рома го потврдија пласманот во полуфиналето на Лига Европа, па со освоените бодови Серија А сигурно ќе биде меѓу двете лиги со најдобар коефициент до крајот на европската сезона.

Англија и Германија ќе водат битка за второто место, по што или Премиер лигата или Бундеслигата ќе добијат уште едно место.

Во Серија А тоа значи дека покрај сигурниот Интер, Милан е на чекор до потврда на своето место, до него се приближи Јувентус, а за преостанатите две места најголеми шанси имаат Болоња, Рома и Аталанта.



Спонзорирани линкови

Маркетинг