Рома донесе конечна одлука за иднината на Де Роси

Дерби

18/04/2024

12:22

644

Големина на фонт

а а а

Италијанскиот прволигаш Рома донесе конечна одлука за иднината на Даниеле Де Роси кој во изминатиов период ја извршува функцијата прв тренер на екипата.

Управата на клубот се реши Де Роси да го води тимот откако беше завршена соработката со Жозе Мурињо, поточно легендата требаше да биде привремено решение додека „волчицата“ не пронајде соодветна замена за „специјалниот“.

Даниеле одлично си ја заврши работа, се наметна со резултатите и сопствениците на калчолигашот одлучија да му понудат договор според кој тој ќе остане на „Олимпико“ и во иднина.

- По состанокот вчера попладне со Даниеле Де Роси, со задоволство можеме да објавиме дека тој ќе продолжи како главен тренер на Рома по оваа сезона и во догледна иднина. Во неговиот краток мандат како главен тренер, позитивното влијание што неговото лидерство го донесе во клубот кажува се. Даниеле води со почит и храброст, додека неговата сила и длабоко вкоренети верувања во клубот се навистина усогласени со вредностите на Рома, градот и неспоредливите навивачи.

- Ќе продолжиме да работиме заедно колку што е можно повеќе за да обезбедиме иднина каква што заслужуваат навивачите на Рома. Не би можеле да бидеме посреќни што ќе изградиме долгорочен проект со Даниеле. Повеќе детали следуваат во наредните денови. Форца Рома, - порачаа газдите Ден и Рајан Фридкин во соопштението кое беше објавено на клупскиот сајт.



Спонзорирани линкови

Маркетинг