Питата со вишни е толку сочна, а сепак крцкава и вкусна - совршена за претстојните велигденски празници.
- 500 гр. готови кори за пита
За премачкување на корите:
- 4 јајца
- 2 ќесички ванилин шеќер
- 150 гр. шеќер
- 150 мл. масло
- 300 мл. јогурт
- 5 лажици гриз
- 1 прашок за пециво
За фил:
- 1 кг. вишни
- 5 лажици гриз
За шербет:
- 500 гр шеќер
- 1 ванилин шеќер
- сок од еден лимон
- 700 мл. вода
Изматете фил од јајцата, шеќерот, маслото, јогуртот, гризот и прашокот за пециво. Секоја кора прелијте ја со филот, па на секоја трета ставете од вишните со гризот и завиткајте во ролат. Одозгора прелијте со остатокот од филот.
Питата се пече во загреана рерна на 180 степени, 25 минути. Топлата пита прелијте ја со топол шербет.