[ВИДЕО] Апокалиптични сцени по ерупцијата на вулкан во Индонезија: Евакуирани повеќе од 800 луѓе

Макфакс

17/04/2024

08:23

974

Големина на фонт

а а а

Најмалку 800 луѓе се евакуирани во индонезиската провинција Северен Сулавеси по повеќекратните ерупции на тамошниот вулкан Руанг, кој со денови исфрлаше лава и облаци од пепел, соопшти денеска државната вулканолошка агенција.

Вулканот, кој се наоѓа на островот Руанг, на околу 100 километри од главниот град на провинцијата Манадо, еруптираше повеќе од три пати од вторникот.

Властите го подигнаа нивото на тревога на второто највисоко ниво по зголемената активност, рече Херунингтиас Деси Пурнамасари, службеник во Индонезискиот Центар за вулканологија и ублажување на геолошките опасности (ПВМБГ).

Планината исфрли „експлозивни врели облаци“ на небото.

Ерупцијата на Руанг беше предизвикана од неодамнешните земјотреси на островот, при што планината исфрли опасна и „експлозивно жешка лава“ висока до 1,8 километри на небото, рече таа.

„Мораме да го евакуираме островот бидејќи предвидуваме дека може да има уште ерупции. Никаква активност не е дозволена на четири километри од кратерот“, рече таа.

Видеото покажува црвена лава како тече по планината и облаци од сива пепел над кратерот. Островот Руанг е дом на околу 838 жители, од кои повеќето сега се евакуирани на најблискиот остров Тагуландан, рече Херунингтиас.

Индонезија се наоѓа на таканаречениот Пацифички огнен прстен, област со висока сеизмичка активност која се наоѓа над повеќе тектонски плочи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг