Кривична против две лица од Струга: се расправале со гости во кафеана, оштетиле неколку автомобили, истепале охриѓанец, па биле агресивни со полицајците

Макфакс

16/04/2024

19:24

645

Големина на фонт

а а а

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 38-годишниот Б.С. и 36-годишниот С.К., двајцата од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „спречување на службено лице при вршење службени дејствија“, извести МВР.

„На 13.04.2024 во угостителски објект во струшката населба „Езерски лозја“, тие предизвикале расправија со присутните гости, а потоа пред објектот оштетиле неколку автомобили и физички го нападнале вработениот А.Н.(38) од Охрид, кој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Струга“, соопшти МВР.

Двајцата агресивно се однесувале и кон полициските службеници кои пристигнале на местото и преземале службени дејствија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг