[ВИДЕО] Украинците објавија снимка: „Вака изгледа град под руски напад“

Макфакс

16/04/2024

18:11

2.935

Големина на фонт

а а а

Украинската армија, поточно војниците на 255. јуришен баталјон, кој се бори на источниот фронт, објави снимки од уништениот украински град Часив Јар, кој руските сили го напаѓаат и се обидуваат да го освојат со месеци.

Снимките од дрон покажуваат речиси и да нема неоштетени згради. Во близина на куќите има кратери од руски гранати и ракети, како и паднати дрвја. На видеото се гледаат црквата и игралиштето, кои беа уништени во руските напади.

На периферијата се крева чад.



Спонзорирани линкови

Маркетинг