Рашфорд поради лошата форма нема да оди во Германија

Макфакс

16/04/2024

14:54

1.086

Големина на фонт

а а а

Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд, поради лошата форма би можел да го пропушто Европско првенство во Германија. „Мирор“, пишува дека Рашфорд добил предупредување од селекторот Герет Саутгејт.

Англија, во овој момент има врвен талент во нападот, поради што евентуалното отсуство на рашфорд нема да влијае врз нивните амбиции.

„На Маркус Рашфорд му беше кажано дека неговото место во репрезентацијата за Европското првенство е сериозно загрозено. Причината се бројните опции со кои во моментов располага Герет Саутгејт“, пишува „Мирор“.

Рашфорд, од почетокот на сезоната се вклопи во сивилото во кое се наоѓа Манчестер јунајтед. .

26-годишниот напаѓач, на 39 натпревари има скромен учинок од осум гола и пет асистенции. на Јунајтед игра навистина слабо.

Се чени дека од играчите кои играат во нападот сигурни патници на ЕУРо 2024 се: Хари Кејн, Фил Фоден, Кол Палмер, Оли Воткинс, Букајо Сака, Џуд Белингем…

Подобра сезона од Рашфорд имаат и Џерод Бовен (Вест Хем), Еберечи Езе (Кристал Палас), а на повикот од селекторот се надеваат тука се и Ајван Тони (Брентфорд) и Ентони Гордон (Њукасл).

Маркус Рашфорд го имаше своето деби за Англија во 2016 година. Тој одигра вкупно 60 натпревари и постигна 17 голови.