Во Леверкузен сакаат Чаби Алонсо да добие своја улица

Точка

16/04/2024

14:50

1.012

Големина на фонт

а а а

Германски „Spiegel“ наведува дека постои шанса во блиска иднина шпанскиот фудбалски тренер Чаби Алонсо, сегашен тренер на Баер, да добие своја улица во Леверкузен. Во текот на минатиот викенд Баер на домашен терен го совлада Вердер со дури 5-0 и така и математички си обезбеди титула во Бундеслигата, дури пет кола пред крајот. Клубот од Леверкузен со тоа го освои својот прв наслов државен шампион во историја, откако пет пати завршувал втор.

Тренерот Чаби Алонсо, кој е во Баер од 2022-ра година, е главна причина, ќе кажат многумина, за големиот залет на Баер кој воедно се наоѓа и во финалето на тамошниот куп, како и во четвртфиналето на Лига Европа. Иако се споменуваат бројни понуди од најмоќните европските клубови, 42-годишниот Шпанец има намера да остане во Баер.


Членовите на градскиот совет, ден по освоената титула во Бундеслигата, објавиле дека сакаат да им доделат титули на почесни граѓани на фудбалерите, членовите на стручниот штаб и персоналот на клубот.


Од своја страна, навивачите на Баер отишле и чекор подалеку, бидејќи на своја рака, една од улиците која води кон стадионот БајАрена, ја преименувале во Чаби Алонсо.


Таа навивачка желба наскоро би можела да стане и реалност, пишува „Spiegel“, бидејќи градот Леверкузен ги истражува административните услови потребни за некоја од улиците официјално да се именува Чаби Алонсо.




Спонзорирани линкови

Маркетинг