Брзата торта од плазма и чоколадо е совршен десерт за претстојните велигденски празници.
Состојки:
- 500 милилитри млеко;
- 500-600 грама шеќер;
- 100 грама чоколадо;
- 300 грама мелена плазма;
- 250 грама мелени кикиритки;
- Пакетче обланда.
Глазура:
- 100 грама чоколадо;
- 4 лажици масло;
- 100 грама сечкани ореви.
Подготовка:
Млекото ставете го на рингла да зоврие. Додадете го шеќерот, а потоа и путерот и чоколадото. Кога сè ќе се стопи, додадете ја плазмата и мелените кикиритки. Со таа смеса премачкајте ги обландите. Потоа прелијте ги со чоколадо и ореви.
На здравје!