[ВИДЕО] „Прекрасен човеку“: Интернетот е опседнат со ова момче, спасил деца од убијци

Точка

16/04/2024

10:22

1.838

Големина на фонт

а а а

Жените ширум светот се во „транс“ поради францускиот херој кој зел стап и храбро се соочил со напаѓачот со нож во трговскиот центар во Сиднеј, Австралија.

Демиен Геро се упатил кон теретана со својот колега Французинот Силас Деспре, кога наишле на масакрот.

Геро застанал на врвот на ескалаторот и не му дозволил на напаѓачот Џоел Каучи да се искачи на повисок кат. Сакал да го спречи да дојде до децата кои биле во игротеката на тој кат. Австралијките сега го фалат овој млад човек за неговиот херојски чин.


„Убаво е да се види дека еден од мажите има храброст“, „Конечно вистински маж“, „Ти благодарам, прекрасен човеку“, „Го ризикуваше сопствениот живот за да ги спаси другите“, „Кој знае што друго би направил монструмот доколку не беше запрен од ова момче“, пишувале луѓето на „X“.

Премиерот Ентони Албанес ветил дека ќе му додели австралиско државјанство по неговиот херојски чин.

Инаку, во масовниот напад загинале шест лица, како и напаѓачот, а многумина биле повредени, вклучително и едно мало бебе.




Спонзорирани линкови

Маркетинг