Израелскиот воен кабинет денеска одржа седница на која се разговарало за воениот одговор на Израел на нападот на Иран, но без предизвикување на сеопшта војна, јавуваат локалните медиуми.
Според неофицијални информации на израелскиот „Канал 12“, воениот кабинет наводно донел одлука да му возврати „јасно и моќно“ на Иран поради нападот во саботата навечер. Намерата на израелските власти е да започнат акција во координација со САД, пренесува „Reuters“.
Американските медиуми, меѓутоа, пишуваат дека САД нема да учествуваат во можен одговор на Израел против Иран.
„Нема да бидеме дел од каков било одговор кој Израел планира да го спроведе. Не се гледаме себеси како учествуваме во таков чин“, рекол неименуван американски службеник, пренесуваат американските медиуми.
הרמטכ״ל בבסיס נבטים: ״טילים לשטח מדינת ישראל יענו בתגובה״
— דובר צה״ל דניאל הגרי - Daniel Hagari (@IDFSpokesperson) April 15, 2024
הרמטכ״ל, רב-אלוף הרצי הלוי, ביקר היום (ב׳) בבסיס נבטים עם מפקד הבסיס, תת-אלוף יותם סיגלר.
במהלך הביקור, סייר הרמטכ״ל בטייסת האדיר 140 וקיים שיח עם צוותי האוויר והמפקדים בטייסת, שלקחו חלק בסיכול ויירוט המתקפה האיראנית נגד… pic.twitter.com/krdg6bTOh3
Началникот генерал-мајор Херци Халеви денеска ја посетил базата Набатим со командантот на базата, потполковникот Јотам Сиглер.
„Во текот на посетата, началникот на Генералштабот ја обиколи моќната 140. ескадрила и разговараше со воздухопловниот екипаж и командантите на ескадрилите кои учествувале во откривањето и пресретнувањето на иранскиот напад на Израел во рамките на операцијата Железен штит“, се наведува во соопштението кое го споделил портпаролот на „IDF“, Даниел Хагари.
Одговорот ќе биде осмислен така што ќе прати порака дека Израел нема да дозволи напад од толкави размери на негова територија да мине без реакција“, се наведува во извештајот.
Во меѓувреме, „Wall Street Journal“, повикувајќи се на неименувани западни службеници, објави дека Израел брзо ќе одговори на иранскиот напад, „веројатно веќе денеска“. Но, според пишувањето на „Times of Israel“, во извештајот се наведува дека воениот кабинет се составува и утре, што доведува до мала веројатност дека израелскиот напад ќе се случи денеска.
Тие наведуваат дека се надеваат дека Иран и Израел ќе бидат во состојба да одолеат на искушението за понатамошна ескалација бидејќи двете страни имаат победа во доволна мера за да им овозможи да се воздржат.
Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амирабдолахјан денеска на британскиот колега Дејвид Камерон дека Иран не сака зголемување на тензиите, но дека ќе одговори веднаш и посилно доколку Израел нападне.