Ова се најпопуларните имиња за деца во 2023-та година ширум светот! Едно е број 1 во 17 земји

Точка

15/04/2024

22:29

17.038

Големина на фонт

а а а

Чекате принова? Тогаш веројатно често го слушате прашањето дали веќе избравте име. Во случај да не сте одбрале и сè уште барате идеја, би можеле да ве инспирираат најпопуларните имиња за деца ширум светот.

Страницата „Letter Solver“ собрала извештаи од 12-те месеци во 2023-та година за да добие податоци за најпопуларните имиња за момчиња и девојчиња.

Откриле дека моментално имињата со силни верски врски доминираат во целиот свет. Варијациите како Марија, Мари и Миа, изведени од хебрејското Мирјам, се најпопуларни во 17 земји. Имињата Софиа или Софија водат во девет земји.

За момчињата варијациите на името Мохамед е број еден во десет земји. Името Ноа е прво во седум земји. Најчести имиња во САД се Оливија и Лиам, додека најчест имиња во Англија, Велс и Шкотска се Оливија и Ноа.


Најпопуларните имиња за момчиња во земјите низ светот

Австралија: Оливер

Австрија: Пол

Белгија: Ноа

Хрватска: Лука

Данска: Вилијам

Англија и Велс: Ноа

Естонија: Робин

Финска: Лео

Франција: Лео

Германија: Ноеа

Унгарија: Левенте

Ирска: Џек

Северна Ирска: Џејмс

Италија: Леонардо

Холандија: Ноеа

Португалија: Франциско

Полска: Антони

Романија: Андреј

Шкотска: Ноа

Шпанија: Мартин

САД: Лиам


Најпопуларните имиња за девојки во земјите низ светот

Австрија: Марија

Австралија: Исла

Белгија: Оливија

Хрватска: Миа

Данска: Ела

Англија и Велс: Оливија

Естонија: Миа

Финска: Оливија

Франција: Жаде

Германија: Емилија

Унгарија: Хана

Ирска: Емили

Северна Ирска: Грејс

Италија: Софија

Холандија: Ема

Португалија: Марија

Полска: Зофија

Романија: Марија

Шкотска: Оливија

Шпанија: Луција

САД: Оливија



Спонзорирани линкови

Маркетинг