[ВИДЕО] Иранските командоси заземале брод пред нападот на Израел! Сега објавија што прават со него

Точка

15/04/2024

20:10

4.068

Големина на фонт

а а а

Контејнерскиот брод кој Иран во саботата го заплени во Заливот, обвинувајќи го дека е поврзан со Израел, се наоѓа во иранските територијални води за да се спроведат потребните истражни акции, рекол денеска портпаролот на иранското министерство за надворешни работи.

Иранските власти не објавиле никакви информации откако специјалните поморски сили на Чуварите на револуцијата во саботата во Хормушкиот теснец го заплениле бродот „MSC Aries“. „Бродот е однесен во иранските територијални води“, им рекол на новинарите портпаролот на иранското министерство за надворешни работи Насер Канани.

Не кажал ништо за судбината на 25-те членови на екипажот, меѓу има Индијци и еден Русин. Портпаролот објаснил дека Иран го запленил бродот бидејќи го прекршил меѓународното поморско право и не одговорил на примерен начин на прашањата на иранските власти.

„Сигурни сме дека тој брод му припаѓа на ционистичкиот режим“, рекол Канани, мислејќи на Израел.

Упаднале на бродот неколку часа пред големиот напад на Израел

Иранската официјална новинска агенција „Ирна“ во саботата објави дека бродот, кој пловел под португалско знаме, е запленет поради инспекции бидејќи со него управувала компанијата „Зодијак“, која му припаѓа на израелскиот капиталист Ејал Офер.

Бродот е запленет неколку часа пред иранскиот напад со дронови и проектили на Израел. САД заплената на бродот ја оцениле како пиратство и го повикале Иран веднаш да го ослободи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг