[ВИДЕО] Нова оптичка илузија го подели интернетот: Каква боја се овие патики?

Точка

15/04/2024

17:02

3.237

Големина на фонт

а а а

Многумина сè уште се сеќаваат на фустанот кој стана вирално споделуван на интернетот пред девет години, бидејќи некои тврдеа дека е во нијанси на бела и златна боја, додека други тврдеа дека е сина и црна комбинација на бои. Сега се појави нова оптичка илузија, за која луѓето не престануваат да разговараат.

Претприемачката Лори Грајнер на својот профил на ТикТок објави видео во кое покажа патики и ги праша следбениците каква боја се. И овој пат мислењата на луѓето се поделени.

Имено, едни тврдат дека патиките се розови и бели, а други се убедени дека се тиркизни и сиви.

Имаше и такви кои во коментарите напишаа дека ги виделе сите споменати бои, а виралното видео собра 34 милиони прегледи.

Во видеото се наведува и дека луѓето кај кои доминира левата хемисфера на мозокот гледаат сива и тиркизна боја, додека луѓето со доминантна десна хемисфера на мозокот гледаат розови и бели патики.

Според теоријата на мозокот од десно-лево, која произлезе од истражувањето на невропсихологот и нобеловец Роџер В. Спери, секоја хемисфера е поврзана со различни начини на размислувањ и перцепцијае. Ако ви е доминантна левата страна, размислувате логично, прагматично и објективно. Од друга страна, луѓето со посилна функција на десната хемисфера имаат тенденција да бидат креативни и повнимателни.




Спонзорирани линкови

Маркетинг