И Полска ги предупреди своите граѓани да не патуваат на Блискиот Исток

Точка

12/04/2024

20:17

1.510

Големина на фонт

а а а

Полското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека не им препорачува на своите граѓани да патуваат во Израел, Палестина и Либан поради можна ненадејна ескалација на ситуацијата.

Не може да се исклучи ненадејна ескалација на воените операции, што би предизвикало значителни тешкотии при напуштањето на трите земји, според ажурираните совети за патувања објавени денеска, објави Ројтерс.

Секоја ескалација може да доведе до значителни ограничувања на воздушниот сообраќај и неможност за преминување на копнените гранични премини, се предупредува.



Спонзорирани линкови

Маркетинг