Борис Џонсон: Падот на Киев ќе биде катастрофа за Западот

Точка

12/04/2024

20:25

3.462

Големина на фонт

а а а

Падот на Киев би бил катастрофа за Западот, изјавил поранешниот британски премиер Борис Џонсон, пренесува весникот „Telegraph“.

„Ако Русите го заземат Киев, мислам дека тоа би било апсолутна катастрофа за Западот, катастрофа за Америка и за било кој концепт на американското лидерство“, рекол Џонсон.

Исто така додал дека „се моли“ за тоа САД да и го одобрат пакетот помош на Украина од околу 60 милијарди долари.


„Ситуацијата е мрачна, доцнењето е ужасно“, смета Џонсон.

Исто така додал дека „хаотичното повлекување на Западот од Авганистан во 2021-ва година не би било ништо во споредба со тоа Русија да победи во Украина“.


Потсетуваме, министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу на 2-ри април соопшти дека од јануари Вооружените сили на Украина изгубиле повеќе од 80.000 војници, 14.000 единици различно вооружување, вклучувајќи повеќе од 1.200 тенкови и други борбени возила. Тој навел дека Украинците, после неуспешната летна контраофанзива, безуспешно се обидуваат да се зацврстат на одредени позиции, и дека руската војска продолжува да ги потиснува Вооружените сили на Украина кон Запад, пренесува „Tanjug“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг