[ВИДЕО] Ги намачкал рацете со мастило од лигна, па подоцна сфатил дека направил голема грешка

Точка

12/04/2024

19:29

5.237

Големина на фонт

а а а

На социјалните мрежи се шири вирално видео во кое маж по име Брајан Ванг покажал што се случува ако ги намачкате рацете со мастило од лигна и не е тешко да се погоди дека станува збор за целосна катастрофа.

Брајан на видеото ги премачкува рацете со мастило, а потоа објавил видео од автомобил и покажал дека неговите раце останале црни дури пет дена подоцна. Потоа, тој покажал дека мастилото започнало да се лупи меѓу прстите и заклучил дека ќе бидат потребни и до две недели за целосно да се измие.

Преку 28 милиони луѓе го виделе видеото

Брајан објаснил дека се кае за овој потег и се нарекол себеси „чудак“, при што им порачал на другите да не го следат неговиот пример. Видеото има повеќе од 28,5 милиони прегледи и бројни коментари само на „X“.

„Ова се вика бесплатно тетовирање“, „Барем носел црна маица па сè се вклопило“ и „Ова не му требало“, се дел од коментарите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг