[ВИДЕО] Став на Игор Џамбазов кој привлече огромно внимание: „Просечниот македонски озборувач има 35 години, невработен е, а родителите му оставаат по 200 денари на маса“

Точка

12/04/2024

13:03

18.539

Големина на фонт

а а а

Новата епизода од серијалот „Приказна“ која ќе се одржи во недела на 14 април, ја обработува темата озборување.

Озборувањето е една деформација на општеството, а во „Приказна“ за истото ќе зборува и нашиот шоумен Игор Џамбазов, чие видео после вчерашното објавување стана вирално.

Што има да каже нашиот Џамбазов на тема озборувањето во Македонија:

„Колку помалку проблеми имаат луѓето толку помалку озборуваат. Кога си сакал да бидеш од пилот до актер, а не си станал ништо, ти останува само да ги озборуваш пилотите и актерите кои станале тоа пред тебе. Само заради тоа што сакале и имале јасна цел во животот.

И затоа ти реков, просечниот македонски озборувач има 35 години, невработен е, мајка му и татко му сабајле му оставаат 200 денари на маса за да има за интернет, бурек, јогурт и цигари. И откако ќе ги изеде бурекот и јогуртот, ќе ја запали првата цигара, го отвора телефонот и ги решава проблемите на државата.


Јас се борам за својата држава на сосема поинаков начин“, вели Игор во најавата на емисијата.

Ставот на Џамбазов привлече огромно внимание во јавноста, а видеото има навистина многу прегледи, споделувања и коментари:

„На место кажано, секој збор“, „Секоја чест, вистина од збор до збор. Нема свои проблеми, па способен е да ги реши туѓите“, „Нешто најточно“, „Да си здрав и жив“...




Спонзорирани линкови

Маркетинг