Тетоважите остануваат за цел живот, па затоа е навистина важно добро да размислите за тоа што ќе ставите на вашето тело за да не мора да поминувате низ ласерски третман за отстранување на тетоважи и да зажалите поради вашата одлука, како ТикТокерката Еникол.
Во виралното видео таа објаснила дека одлучила да направи заедничка тетоважа со нејзината најдобра другарка, при што секоја одлучила да истетовира половина пеперутка на раката. Сепак, она што требало да биде симпатична посвета на пријателството се претворило во нивен кошмар.
Имено, тетоважите изгледаат кул кога се една до друга, но кога тетоважата се гледа само на едната рака, потсетува на нешто сосема друго, а што точно, можете сами да заклучите.
Видеото е погледнато повеќе од 7,7 милиони пати и доби 754.000 лајкови, како и бројни коментари.
„Дали е ова затворска тетоважа?“, се пошегувал еден ТикТокер, додека друг додал: „Кој го направил ова, знаел. Знаел“. Други, пак, биле посочувствителни и ја советувале Еникол како да го поправи дизајнот, а некој предложил и двете да ја истетовирааат другата половина од пеперутката.
„Сè додека и двете ја имате истата тетоважа, мислам дека ќе функционира“, ѝ напишал еден ТикТокер.