[ВИДЕО] Американец во Југо ја обиколил цела поранешна Југославија – еве што имал да каже за секоја земја: „Македонија е луда...“

Точка

09/04/2024

09:20

11.712

Големина на фонт

а а а

Тиктокерот „Justus Reid“ девет месеци ги обиколувал земјите од поранешна Југославија и тоа во „Југо“, а сега ги споделил своите впечатоци од секоја земја.

Словенија му се допаднала, иако истакнал дека не е добар избор доколку сака да излезе од комфор зоната.

„Словенија културолошки најмногу ме потсетува на Америка. Блед е прекрасен, а Љубљана е најмодерниот балкански град“, вели тиктокерот.

Црна Гора ја споредил со Северна Дакота, а слична му била и Србија. За Србија вели дека има прекрасна историја, а особено му се допаднал Нови Сад.

„Чист е и лесен за обиколување“, изјавил човекот.

Во Македонија тој доживеал најголем културолошки шок, а вели дека цел свој живот не видел толку споменици како во Скопје.

„Македонија е луда, таму го почувствував најголемиот културолошки шок. Јазикот е поразличен отколку во останатите екс-ју држави, а тешко е да најдете и некој којшто знае да зборува англиски“, истакнал тој.

Во Босна и Херцеговина го воодушевила храната, но исто така зборувал и за бурната историја.

„Лузните од војната сѐ уште останале, но овие луѓе се силни“, изјавил тој.

Говорејќи за Хрватска најмногу се фокусирал на морето кое искрено препорачува сите да го посетат.




Спонзорирани линкови

Маркетинг