Карл Јунг цврсто верувал дека среќата на човекот лежи во овие 5 работи: Послушајте го човекот којшто ја знаел тајната на човековата душа

Точка

08/04/2024

16:43

16.207

Големина на фонт

а а а

Карл Густав Јунг бил специјалист на полето на човековите емоции, фантазии и потреби. Ова се неговите заклучоци за среќата.

Карл Густав Јунг сметал дека следните 5 работи човекот го прават среќен.

1. Големо физичко и ментално здравје

Јунг верувал дека главната цел на психологијата е лекување на менталните нарушувања, а на неа гледал како на инструмент на самопрепознавање, јасна дефиниција на сопствените цели и знаења. За него истиот клуч на среќа било и физичкото здравје. Кај него овие два концепти се неразделни.


2. Здрави врски

Да живеете изолирано од другите луѓе е погрешно. Секому му е потребно внимание, пријателство, сигурност и љубов. Мора со некој да комуницирате, да споделувате, да ги ширите видиците, да се грижите и некој да се грижи за вас. Без тоа нема среќа.

3. Способност да ја забележите убавината на уметноста и природата

Креативните лица ги ставаат своите емоции, креативност, идеали, иновации и вештини во работите кои исчезнуваат од нивната фантазија и тоа е она што Јунг го нарекува колективна несвесност. Мора да бидете способни да цените сѐ што ви носи задоволство и што ве прави среќни. Истото важи и за способноста да ја цените природата. Сите ние сме деца на природата.


4. Верувајте во нешто

Според Карл Јунг, среќата е невозможна без духовна истрајност. Не е важно дали станува збор за религија или филозофија туку таа верба може да биде основа за вашата добра состојба. Верата дава значење и го продлабочува искуството, а вашето постоење ја исполнува смислата и целта.

5. Интересна работа

Јунг многу зборувал за тоа дека во детството сакал да биде археолог. Животот сепак го одвел во медицината, а потоа се одлучил за психијатрија. Во душата секогаш останал археолог, па секогаш „копал“ што подлабоко во душата на човекот.