Вилијам и Хари не ја испочитуваа последната желба на нивната мајка Дајана: Принцезата пред смртта сакала само едно, но...

Точка

08/04/2024

15:57

22.654

Големина на фонт

а а а

Се чини дека на драмата во кралското семејство не ѝ се гледа крајот, а особено доколку се земе предвид нарушениот однос меѓу роднините.

Принцовите Хари и Вилијам години наназад имаат „затегнат“ однос, за што многу придонело објавувањето на мемоарите на Хари „Spare“ во кои тој изнел обвиненија на сметка на постариот брат.

Меѓутоа, овие двајца браќа во минатото биле многу блиски, особено после смртта на нивната мајка Дајана.


Покојната принцеза Дајана би била разочарана кога би видела дека нејзините синови, принцот Вилијам и принцот Хари повеќе не се блиски, баш како што таа отсекогаш се надевала, тврди кралски експерт за „Mirror“.

Двајцата браќа се многу далечни во последниве години и главно откако принцот Хари се повлекол од кралското семејство заедно со сопругата Меган Маркл во 2020 година.

За односот на двајцата браќа говорел кралскиот аналитичар којшто истакнал дека тие двајца не се блиски, а дека последната желба на нивната мајка била спротивно од тоа – да бидат блиски цел живот.


„Тие беа навистина блиски. И тоа е она што е толку тажно, колку сега се всушност далечни. Тоа е она што Дајана отсекогаш го сакаше, децата да ѝ бидат блиски, да си се имаат еден покрај друг во борбата против целиот свет, но секако дека тоа не се случува“, објаснил кралскиот аналитичар Чарлс Реј во емисијата „The Sun Royal Exclusive“.

Сепак, ваквата ситуација би можела да ја поправи посетата на Хари на кралското семејство наредниот месец по повод прославата.

Кралскиот аналитичар Том Квин изјавил:

„И покрај големото вознемирување, Хари сигурно ќе се врати во Велика Британија во мај. Доколку одлучи да не дојде, ќе биде потребно објаснување затоа што сите ќе претпостават дека тоа е така поради тоа што не сака непријатности, односно да го види својот брат или да избере да не го види“.


Физичка пресметка

Односот меѓу Хари и неговиот постар брат бил напнат во последните години, а Хари открил дека неколку пати имале сериозни конфликти.

Хари навел дека Вилијам го турнал на подот затоа што објаснил дека Вилијам ја означил Меган како непристојна и тешка во текот на кавгите.

Потоа тврдел дека неговиот брат го фатил за крагната, му го скинал ланчето и го турнал на подот.