Цените започнуваат од само 1.229 денари: „Wizz Air“ започнува рута со ултра ниски трошоци која ги поврзува Скопје со Салцбург

Точка

04/04/2024

13:18

9.970

Големина на фонт

а а а

Wizz Air, најбрзо растечката и еколошки најодржливата авиокомпанија во Европа на глобално ниво започна со новата рута од Северна Македонија до Салцбург, Австрија, уникатна врска која ја нуди исклучително само Wizz Air. Првиот лет полета од Скопје во понеделник, 1 април. Летовите во текот на годината ќе се одржуваат три пати во неделата, и тоа во понеделник, среда и петок.

Со резервирање на летните патувања уште од сега, патниците можат да ја искористат најниската цена на Wizz Air на оваа нова рута, почнувајќи од само 1.229 МКД. Билетите сега се достапни на веб страницата на Wizz Air и на мобилната апликација на авиокомпанијата.

Севкупно, оваа летна сезона Wizz Air ќе извршува преку 30 линии од Северна Македонија до 14 држави во Европа и е горд што нуди над 800 стотици седишта за патници, зацврстувајќи ја нејзината лидерска позиција на пазарот.

Оваа нова рута не само што ја подобрува поврзаноста меѓу Северна Македонија и Австрија, туку и ги отвора вратите за волшебните искуства кои што ги нуди Салцбург.


Салцбург, познат по своите живописни пејзажи и богатото културно наследство, ги освојува патниците со својот волшебен стар град, сместен среде воодушевувачките австриски Алпи кои го одземаат здивот. Посетителите можат да се нурнат во родното место на Моцарт, истражувајќи ги добро познатите знаменитости како што се тврдината Хоензалцбург, палатата Мирабел и воодушевувачката катедрала во Салцбург. Живописната уметничка сцена во градот, реномираните фестивали на класична музика и вкусните кулинарски задоволства ветуваат незаборавно искуство за секој патник.

Со започнувањето на оваа нова рута, Wizz Air ја потврдува својата посветеност на проширување на својата мрежа, поврзувајќи ги патниците со возбудливи дестинации, притоа давајќи приоритет на поволните цени во комбинација со висококвалитетната услуга во авионот.

Комерцијален текст